Царината лани наплатила 63,9 милијарди денари по сите основи

Bez autora
Apr 14 2013

Македонската Царина вчера одбележа 21 година постоење. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески оцени дека за овој период Царинската управа прераснала во институција за гордост која ги заштитува економските и финансиските интереси на државата, граѓаните и бизнисот. Царината е на многу високо, европско ниво и можеме да бидеме задоволни од нејзините услуги. Во изминатите години вложи многу напори за подобрување на квалитетот на работењето преку модернизација, спроведување обуки, примена на најсовремени електронски методи за поднесување документи. Царината лани наплатила 63,9 милијарди денари по сите основи што е за 3,5% повеќе од 2011 година. Тој информираше дека со невалидни и фалсификувани над 20.000 документи, увозниците минатата година се обиделе да избегнат плаќање давачки во вредност од околу 875 милиони денари. Наплатени се 4,07 милијарди денари на име царина и други царински давачки со еквивалентен ефект што е приближно еднакво на планираното, а за околу 7% повеќе во однос на 2011-та кога беа наплатени 3,8 милијарди денари.

Царината лани наплатила 63,9 милијарди денари по сите основиМакедонската Царина вчера одбележа 21 година постоење. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески оцени дека за овој период Царинската управа прераснала во институција за гордост која ги заштитува економските и финансиските интереси на државата, граѓаните и бизнисот.

- Царината е на многу високо, европско ниво и можеме да бидеме задоволни од нејзините услуги. Во изминатите години вложи многу напори за подобрување на квалитетот на работењето преку модернизација, спроведување обуки, примена на најсовремени електронски методи за поднесување документи - истакна Ставрески.

Според директорот на Управата, Ванчо Каргов, Царината лани наплатила 63,9 милијарди денари по сите основи што е за 3,5% повеќе од 2011 година. Тој информираше дека со невалидни и фалсификувани над 20.000 документи, увозниците минатата година се обиделе да избегнат плаќање давачки во вредност од околу 875 милиони денари.

- Наплатени се 4,07 милијарди денари на име царина и други царински давачки со еквивалентен ефект што е приближно еднакво на планираното, а за околу 7% повеќе во однос на 2011-та кога беа наплатени 3,8 милијарди денари - посочи директорот.

Наплатените приходи од увозен ДДВ се 41 милијарда денари, на име акцизи се наплатени 16,6 милијарди денари, а на име надоместоци 2.231 милион денари. Царината минатата година привремено задржала 119 странски моторни возила поради непочитување на прописите за нивно управување.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik